Телефонски разговор помеѓу Архиепископот Атински и Патријархот Антиохиски

Во четврток, 12 декември, Неговото Блаженство Архиепископот на Атина и цела Грција г.г. Јероним оствари телефонски разговор со Неговото Блаженство Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован X, кој го информираше за актуелната состојба во Сирија. Поглаварот на Антиохиската Црква изјави дека засега клирот и народот на древната патријаршија се безбедни, и побара молитви од сестринската Црква на Грција за понатамошна заштита. 

Архиепископот Јероним истакна дека Грчката Црква, како и секогаш, ќе биде на страната на сестринската Црква на Антиохија во овој критичен период. Тој повтори дека службите на Светиот Синод, Апостолската служба, Архиепископијата на Атина и Светите митрополии на Грчката Црква се секогаш подготвени да притекнат на помош и да го поддржат братскиот народ на Сирија. 

На крајот, тој изрази желба за прекин на непријателствата и воспоставување на мир кој ќе биде од корист за целиот сириски народ и за поширокиот регион – известува Прес-службата на Светиот Синод на Црквата на Грција.

Извор: http://www.ecclesiagreece.gr/ecclesiajoomla/index.php/el/iera-synodos/deltia-typou/telephonike-epikoinonia-makariotatou-archiepiskopou-athenon-kai-pases-ellados-k-ieronymou-me-ton-makariotato-patriarche-antiocheias-k-ioanne-i