Фотографија: spc.rs
Во организација на Отсекот за дијалог во јавната сфера на Мисионерското одделение на Архиепископијата Белградско-Карловачка, во соработка со храмот Свети Александар Невски, на 18 април 2024 година се одржа трибина со наслов „Како да се решат проблемите во бракот“.
Пред многубројните заинтересирани слушатели, на прашањата како страстите влијаат на брачниот живот и како нивното надминување носи мир и љубов, гордоста како уништувач на бракот и смирението како градител на бракот, како духовната состојба влијае на изборот на партнерот, како личниот однос со Бога го гради и брачниот однос и многу други, одговори дадоа: јеромонахот Макариј, игумен на манастирот Савина; Доц. д-р Данило Михајловиќ, теолог и психотерапевт; ѓакон д-р Александар Милојков, координатор на Отсекот за дијалог во јавната сфера; Дејан Ристиќ од организацијата Задужбина на Светиот манастир Хиландар и свештеникот Славко Папиќ.
Ден претходно во Домот на младите во Белград, Отсекот за дијалог во јавната сфера на Мисионерското одделение, во соработка со Библискиот културен центар организираше панел-дискусија на тема „Вештачката интелигенција – добар слуга и/или зол господар“ .
Во преполната сала, пред повеќе од стотина присутни, за предизвиците што ги носи вештачката интелигенција и прашањата кои произлегуваат од гледна точка на христијанската етика, зборуваа: презвитерот д-р Оливер Суботиќ – управник на Мисионерското одделенуие на Белградско-карловичката архиепископија, Презвитер Стефан Јовановиќ – докторант на Православниот богословски факултет при Универзитетот во Белград, д-р Александар Петровиќ – филозоф, професор на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград, Валеријан Матвејев – инженер за софтвер и магистер на Политехничкиот универзитет во Нант; и ѓакон д-р Александар Милојков – координатор на Отсекот за дијалог во јавната сфера на Мисионерското одделение како модератор.
Извор: https://spc.rs/tribine-misionarskog-odeljenja-arhiepiskopije-beogradsko-karlovacke/