Турција побара објаснување од организаторите на самитот за Украина за учеството на Цариградскиот Патријарх

Турција побара објаснување од организаторите на самитот за Украина во Швајцарија во врска со присуството на Цариградската партијаршија меѓу потписниците на заедничката декларација, објави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција Онџу Кечели на социјалната мрежа Х (Твитер).

Цариградскиот патријарх Вартоломеј учествуваше на конференцијата за Украина, која се одржа на 15 и 16 јуни во градот Бургеншток во Швајцарија (за што веќе известивме). Патријаршијата соопшти дека го поддржува заедничкото комунике усвоено по конференциите и Патријаршијата е на листата на потписници на документот. Од 91 учесници, комункето го потпишаа 76.

„Соопштенијата дека Цариградската патријаршија учествувала на мировниот самит за Украина, одржан во Швајцарија на 15-16 јуни 2024 година, со државен статус и дека нашиот министер одржал официјална билатерална средба со Патријархот Вартоломеј на маргините на самитот не се вистинити“, напиша Кечели.

„Што се однесува на тоа дека името на Цариградската патријаршија е додадено како потписник на заедничката декларација усвоена на крајот на самитот и преставена во јавноста, се бараат објаснувања од организаторите на самитот, Швајцарија и Украина. Од друга страна, очигледно е дека во нашата државна политика нема промени во однос на позицијата на Цариградската патријаршија“, истакна тој.

Извор: https://ria.ru/amp/20240620/sammit-1954126639.html