Укажана помош на настраданите во поплавените зони во Кенија

Во декември 2025 година Патријаршискиот егзархат на Африка на Руската Православна Црква им укажа хуманитарна помош на настраданите од поплавите во градот Највашам во Кенија. Нивото на водата во езерото Најваша постојано се зголемува, а водата поплави многу улици.

„Луѓе го губат животот, семејства ги губат своите домови, имотот и средствата за егзистенција,“ раскажа настојателот на парохијата „Света Троица“ во Најваша, јереј Самсон Гуту. „Особено тешко им е на децата, старите лица и лицата со попреченост.“

Повеќе од 4.000 семејства беа принудени да ги напуштат своите домови. Благодарение на помошта од дарителите на Патријаршискиот егзархат на Африка, настојателот на Централниот округ на Кенија, архимандрит Сотириј (Матумби), и јереј Самсон Гуту заедно со парохјаните набавија и им предадоа хуманитарна помош на оние на кои им беше најпотребна.

Беа распределени 650 кг ориз, 230 кг грав, 450 кг пченкарно брашно, 60 литри растително масло, како и 80 мрежи против комарци, 15 душеци, 80 ќебиња и 10 вреќи со облека. Помошта беше предадена на 150 семејства. Исто така, неколку од нив беа евакуирани во безбедна зона – известува Егзархатот.

Средствата беа собрани преку формата за донации на официјалната веб-страница на Егзархатот. Митрополитот Каирски и Северноафрикански Константин им изрази благодарност на сите кои се одѕваа и зедоа учество во ова добро дело.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/okazana-pomoshh-postradavshim-v-zone-zatopleniya-v-g-najvasha-keniya/