Фотографија: pravda.com.ua
Утрово, на 1 мај 2024 година, Украинската безбедносна служба започна претрес во просториите на Митрополитот Запорошки и Мелитополски г. Лука, од Украинската православна црква.
За ова известува украинскиот весник „Украинска правда“, повикувајќи се на извори од безбедносните служби. Весникот објави фотографија од овој претрес на кој се гледа како Митрополитот Лука и припадниците на Украинската безбедносна служба разгледуваат содржина од неговиот мобилен телефон.
Безбедносната служба изјавила дека подоцна ќе излезе со повеќе информации.
Извор: https://www.pravda.com.ua/rus/news/2024/05/1/7453725/