На 16 јули 2025 година, службеници на службата за регрутација на Украина го привеле Митрополитот на Александрија и Светловодск г. Боголеп, архијереј на Украинска Православна Црква, известува Сојузот на православни журналисти.
Митрополитот добил воен повик, а потоа бил пуштен на слобода и во моментов е на слобода.
Украинската војска започна присилно регрутирање на епископи и свештеници од Украинската Православна Црква откако беше донесен закон кој не ги иззема од воена обврска и дозволува нивно испраќање на фронтот како обични војници. Овој закон изгледа е насочен конкретно кон канонската Црква, бидејќи нема извештаи за регрутирање на свештенство од други вероисповеди или од ПЦУ (Православна Црква на Украина).
Некои свештеници веќе биле испратени на фронтот, додека други биле ослободени од обуките во камповите. Црковните медиуми известуваат и дека еден свештеник бил претепан и повреден во центарот за регрутација.
Оваа регрутација на свештенство Украинските црковни медиуми ја толкуваат како нов начин за прогон на Украинската Православна Црква.
Според православното канонско право, на свештенството им е строго забрането да одземаат живот.
Извор: https://spzh.eu/ru/news/87241-ttsk-zaderzhal-mitropolita-aleksandrijskoho-boholepa преку: https://orthochristian.com/171245.html
