Украински монах насилно регрутиран, а потоа вратен во манастирот

Архимандритот Галактион (Редеј), монах од манастирот „Св. Јован Крстител“ на Украинската православна црква во селото Велика Калинивка, во Хмељницката област на Украина, е ослободен и се вратил во својот манастир по неговото приведување од страна на воените регрутациски власти.

Според соопштението на Хмељницката епархија, отец Галактион бил ослободен на 27 мај, од Територијалниот центар за регрутација и воен комесаријат во градот Хмељницки, откако биле проверени неговите лични податоци и поминал преглед пред воено-медицинска комисија.

Отец Галактион сега е вратен во својот манастир, каде што речиси 20 години служи како монах и духовен отец. Епархијата изрази благодарност до сите кои помогнале за неговото враќање.

Отец Галактион бил приведен во неделата, на 24 мај, кога тројца вработени од Територијалниот центар за регрутација влегле во манастирскиот комплекс веднаш по завршувањето на Божествената Литургија, се упатиле на вториот кат од монашката зграда и го извеле од неговата ќелија.

Подоцна било соопштено дека се наоѓа во воена единица во Чорткив, Тернополска област, без можност за комуникација.

Извор: https://orthochristian.com/177874.html