Украинскиот Митрополит Сергиј приведен од државите органи за регрутација

Денес, 16 август 2026 година, во Киев биле приведени митрополитот Тулчински и Брацлавски Сергиј од Украинската Православна Црква и клирикот на Тулчинската епархија, протојереј Анатолиј Вишневиј. Околу девет часот наутро припадниците на државната служба за регрутација го извадиле архијерејот и неговиот возач директно од автомобилот со кој патувале, соопштува ипоѓаконот на владиката. Во моментот на објавувањето нема контакт со нив.

Во моментов митрополитот и свештеникот се наоѓаат во Дарничкиот реонски Центар за регрутација на градот Киев и ја поминуваат воено-лекарската комисија. Адвокатите ги утврдуваат сите околности на инцидентот и ги повикуваат православните верници на свети молитви за владиката Сергиј и отец Анатолиј.

Ова не е првпат архијереј да биде приведен од Украинската служба за регрутација, како што имаме известено.

Извор: https://t.me/nikita_chekman/1144