Украинските власти наместо напаѓачите ги гонат бранителите на црквата во Черкаси

Снимка од нападот на храмот

Полицијата во украинската област Черкаси донесе одлука да покрене обвиненија против свештенството и верниците на канонската Украинска православна црква (УПЦ), кои во октомври се обидоа да ја одбранат својата црква „Св. Архангел Михаил“ од насилен обид за преземање, за што известивме

Во меѓувреме, оние кои нанеле тешки телесни повреди на повеќе лица, вклучително и на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Теодосиј Черкаски, и го осквернија светиот храм со употреба на оружје, сè уште се на слобода. 

„Крвавиот масакр организиран од платени милитанти на ПЦУ (Православна црква на Украина, чија автокефалија е признаена од Цариградската Патријаршија) во храмот на УПЦ во Черкаси го шокираше светот. Крвта и солзите на десетици повредени православни христијани не можат да бидат измиени од рацете на овие напаѓачи и криминалци,“ пишува украинскиот телеграм-канал „Прв Козак“.

„Тие одлучија да се ослободат од ужасот што го предизвикаа за време на нападот. И избраа најсрамниот и најциничен начин да го сторат тоа.“ 

Досега, најмалку четири лица – двајца свештеници и двајца мирјани – официјално добиле известување за истрага за хулиганство. Според каналот, истражителите се обидуваат да ги забрзаат случаите. Веќе е испратен на суд случајот против о. Роман Горкавенко, кој наводно употребил солзавец против насилните напаѓачи, а тој е ставен во ограничен куќен притвор. 

Православните христијани се соочуваат со казни од 3 до 7 години затвор.

Извор: https://orthochristian.com/166932.html