Без да се консултира со Украинската Православна Црква, која го обнови храмот и во него се молеше неколку децении, градскиот совет на градот Кропивницки, во централна Украина, донесе одлука да ѝ го предаде храмот „Покров Богородичен“ храм на ПЦУ (Православна Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија).
На седницата одржана на 25 март 2025 година, советниците одлучија да ѝ го дадат Покровскиот храм на Кировградската епархија на Украинската православна црква на користење на ПЦУ, во период од 25 години, пренесува Сојузот на православни журналисти.
Одлуката ја поддржаа 27 советници, додека двајца не гласаа.
Храмот беше вклучен во списокот на комунални објекти и предаден на ПЦУ без одржување на аукција, заедно со помошните згради и објекти со вкупна површина од речиси 450 квадратни метри. Се наоѓа во населбата Ковалевка, во близина на центарот на градот.
Според секретарот на градскиот совет, Олег Колјука, храмот ѝ бил одземен на Украинската Православна Црква по барање на војската, која сака да формира гарнизонски храм. Тој изјави дека светилиштето „припаѓа на комуналната сопственост на градот“ и дека „по извршената проверка, не постојат други субјекти со право на овој храм, што овозможи да им биде понуден на воените сили“.
Извор: https://spzh.eu/ru/news/85591-horsovet-kropivnitskoho-otdal-ptsu-pokrovskij-khram-upts