Упис на кандидати во Свето-Димитриевското училиште за сестри на милосрдието во Москва

Свето-Димитриевското училиште за сестри на милосрдието во Москва распиша конкурс за прием на ученици на редовна програма за школување по струката „Здравствена нега“.

Право на упис имаат ученици кои го завршиле 9-то одделение во московските училишта и кои се воцрковени или се отворени за активно вклучување во православната вера и црковниот живот. Наставата се одвива на државен трошок, а по завршувањето на училиштето се издава диплома со државна важност и се стекнува квалификација „Медицинска сестра / медицински брат“.

Училиштето, основано во 1992 година со благослов на Патријархот Алексиј II, е прва православна медицинска образовна институција од ваков вид во Русија. Освен стандардните медицински предмети, учениците се образуваат и во духот на христијанското милосрдие преку духовни дисциплини, литургика, црковнословенски јазик, свето писмо, догматика и црковно пеење, како и активно учество во социјални и болнички служби.

Наставата се одвива во рамки на болничкиот комплекс „Пирогов“ во Москва, каде учениците имаат можност за практична обука во реномирани московски клиники. Училиштето обезбедува и топол оброк, социјална поддршка, спортски активности и богата духовна програма.

Извор: https://pravoslavie.ru/171671.html