Упокоение во Господа на архимандрит Јустин, чувар на Јакововиот извор

Ерусалимската Патријаршија извести дека на 18 септември / 1 октомври 2026 година, по долго боледување се упокои архимандрит Јустин Мамалос, обновител на светото поклоничко место на Јакововиот извор и ктитор на храмот „Св. Фотина Самарјанка“ во Неапол (Наблус), во Самарија. Неговиот живот и долгогодишното служење беа нераскинливо поврзани со темелната обнова и уредувањето на овој свет манастир.

Блаженоупокоениот ги посвети своите сили, трудот и голем дел од својот живот на обновувањето, украсувањето и зачувувањето на Светиот манастир. Зад себе остави драгоцено наследство и дело што ќе го чува жив споменот за неговиот придонес.

Ерусалимската патријаршија и братството на Светиот гроб со трогнатост го испраќаат упокоениот во Господа, молејќи се Господ да ја упокои неговата душа „во земјата на живите, во живеалиштата на праведните“, каде што „нема болка, ни тага, ни воздишка, туку живот бесконечен“ – се вели во соопштението од патријаршијата.

Опелото на блаженоупокоениот архимандрит Јустин ќе се отслужи во сабота, на 27 септември / 10 октомври 2026 година, во 11 часот претпладне, во Светиот манастир при Јакововиот кладенец, каде што тој служел како игумен.

Вечен да биде неговиот спомен!

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/anakoinothenta/h-προς-κυριον-εκδημια-του-μακαριστου-αρ/