Уште 26 новокрстени во Мозамбик во третата групна крштевка овој месец

26 жители на селото Мулума во провинцијата Ниаса, во Мозамбик, беа примени во Православната Црква во саботата, на 20 јуни, во парохијата на Светиот апостол Тома.

Светата Тајна ја изврши свештеникот Христос Ситое, настојател на парохијата „Света Троица“ во Мапуто, кој исто така ги благослови домовите на новокрстените, соопшти Егзархатот во Африка на Руската Православна Црква.

Следниот ден, отец Христос служеше Света Литургија, на која новопросветените за првпат се причестија со Светите Христови Тајни.

Овие крштевки претставуваат трета ваква групна крштевка овој месец во северниот дел на Мозамбик. На 6 јуни, отец Христос крсти 22 лица во провинцијата Замбезија, а потоа, на 13 јуни, уште 38 жители на селото Томбое.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/v-mozambike-kreshheny-eshhe-26-chelovek/