На својата седница на 11 февруари 2026 година Светиот Синод на Цариградската Патријаршија донесе одлука за вбројување помеѓу светителите на преподобните светогорски отци: рускиот старец Тихон (духовникот на свети Паисиј Светогорец) и Хаџи-Георгиј (чие житие го има составено токму свети Паисиј). Патријаршијата го објави следното соопштение од канцеларијата на Светиот Синод:
Светиот Архијерејски Синод продолжи и денес, на 11 февруари 2026 година, со своите работи под претседателство на Неговата Светост [Патријархот Вартоломеј]. На дневниот ред ги разгледа сите прашања што беа запишани во дневниот ред за разгледување.
Светото Тело едногласно донесе одлука за впишување во Агиологионот на светогорскиот јеромонах Тихон кој имаше преподобен живот и се подвизуваше во скитот Капсала, во ќелијата на манастирот Ставроникитка посветена на Чесниот Крст, и на монахот Георгиј, познат како Хаџи-Георги, со потекло од Кападокија, а упокоен во Константинопол.


Извор: https://ec-patr.org/anakoinothen-gia-tis-ergasies-tis-agia-52/
