Велигден во Катави, Танзанија

Овогодишниот Велигден беше ново доживување за православните верници во Катави, Танзанија, кои неодамна преминаа од католицизам во православие.

Од Лазарева сабота до денот на Велигден, на богослужбите началствуваше Неговото Преосвештенство епископот на Букоба и Западна Танзанија, г. Хризостом од Александриската Патријаршија. Претходно, отец Јоаким Мпондо служеше во текот на целата Велика Четириесетница и ги подготвуваше верниците преку исповед.

Присуството на епископот во овој период беше и пастирско, со цел решавање на прашања во манастирот. Беше донесена одлука за основање на првата парохија во градот Мпанда, во чест на светите апостоли Јасон и Сосипатар, со цел таму да се формира православен центар со образовни и медицински установи.

Се разговараше и за подобрување на условите за живот на сирачињата, како и за нивниот образовен напредок, преку барање помош од пријатели на мисијата низ православниот свет. Во манастирот ќе се организира семинар за иконопис, црковно пеење и грчки јазик, а сестри монахињи ќе се обучуваат во православниот монашки живот во манастирот „Света Макрина“ во Букоба – известува грчкиот црковен портал „Ортодоксија“.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/patriarxeia/patriarxio_aleksandrias/apokalypsi-to-orthodokso-pasxa-sto-katavi/