Народната кујна на Бачката епархија на Српската Православна Црква, на денот на празнувањето на Христовото Воскресение, во своите простории приреди велигденски ручек за корисниците на народната кујна, бездомниците и сите сиромашни кои за време на велигденската трпеза се најдоа покрај храмот на Вознесението Господово во Нови Сад.
На корисниците на Народната кујна на кои редовно им се доставува оброк, исто така им беше доставен и велигденски ручек, кој не е само израз на грижа за телесните потреби, туку пред сè сведоштво на заедништво, внимание и христијанска љубов што се пројавува преку дела – известува интернет сајтот на Бачката епархија. Во подготовката на велигденската трпеза, покрај волонтерите на добротворната установа, учествуваа и бројни добротвори, чија несебична помош овозможува оваа служба на милосрдие да трае непрекинато. Велигденската трпеза ја благослови протојереј-ставрофор Бранко Ќурчин, духовник на Терапевтската заедница „Земја на живите“, кој, честитајќи го празникот, на присутните им порача дека Господ никогаш нема да ги остави луѓето.
– Тој е сè за сите и затоа овој земен живот има смисла без оглед на животните околности низ кои поминуваме. Христовите зборови „Радувајте се!“ денес одекнуваат низ целиот свет, затоа и ние се радуваме денес на оваа трпеза и да се радуваме во сите денови од нашиот живот поради Христа, Кој воскресна од мртвите – рече, меѓу другото, отец Бранко Ќурчин.
Народната кујна на Бачката епархија е основана со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот бачки г. д-р Иринеј, а започна со работа на 9 ноември 2020 година. Во моментов има 195 корисници, а досега во оваа кујна се поделени повеќе од 260.000 оброци.
Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//16399.vaskrsnja-trpeza-u-narodnoj-kuhinji-eparhije-backe.html
