Видео: брутално претепан свештеник на Украинската Православна Црква во Черновци, неговата состојба е тешка

Свештеникот на Украинската Православна Црква, протојереј Роман, беше претепан од екстремисти, поддржувачи на ПЦУ (Православната Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) во близина на соборниот храм во градот Черонвци, во Украина, при неодамнешниот напад и обид за одземање на храмот, за што известивме.

Украинските црковни медиуми известуваат дека отец Роман моментално е во тешка состојба.

Екстремистите од ПЦУ го удирале со раце и нозе, го влечеле по земја полумртов, а потоа го фрлиле преку ограда висока три метри. Подоцна, тој бил хоспитализиран со амбулантно возило.

Се известува дека компјутерската томографија покажала дека отец Роман има скршени ребра и повредени бели дробови. Ставена му е цевка за дишење.

Исто така, свештеникот има скршен нос. Медицинскиот тим констатира и други бројни повреди – на срцето, градниот кош, карличните органи и ногата.

Извор: https://spzh.eu/ru/news/86813-bojoviki-zhestoko-izbili-svjashchennika-upts-v-chernovtsakh-eho-sostojanie-tjazheloe