Веќе известивме дека на 17 октомври годинава, припадници на ПЦУ (Православната црква на Украина) насилно ја зазедоа црквата „Свети Архангел Михаил“ во Черкаси на Украинската православна црква. Како резултат на нападот, настрадаа свештенослужители и верници на Украинската Православна Црква.
Верниците беа напаѓани со солзавец, многу од нив имаат изгореници на рожницата на очите од отровната супстанција. Како што известува телеграм-каналот на Черкаската епархија, вкупно се хоспитализирани – со повреди од различна тежина – повеќе од 10 верници на црквата, а неколку десетици верници добиваат амбулантен третман.
Тешко настрада Митрополитот Черкаски и Каневски Теодосиј. За време на нападот тој беше претепан, му беше симната паната и грабнат архијерејскиот жезол, со кој потоа напаѓачите ги удираа верниците на Украинската православна црква.
Кај архијерејот е дијагностициран потрес на мозокот, изгореници од прв степен на рожницата на двете очи и изгореници на кожата.
„На владиката му е препишан третман и строг режим на одмор во кревет. Сепак, и покрај тешката здравствена состојба на владиката, денес кај Митрополитот дојдоа службеници на Украинската служба за безбедност со документ со кој бараат построг притвор за архијерејот, односно со 24-часовен притвор, наместо само ноќен притвор. Очигледната цел на таквите дејства се гледа во желбата да се спречи митрополитот Теодосиј да се сретнува со своето паство во Черкаси и да го брани од правното беззаконие на локалните функционери и нападите на борците. Ова барање на Украинските безбедносни служби ќе се разгледува по судски пат” – се наведува во соопштението на епархијата од 19 октомври.
На интернет се појавија видео записи од овој напад, од кои во продолжение пренесуваме два.