Од 20 мај 2025 година, влезот во Успенската катедрална црква во Хелсинки во време кога нема богослужби веќе не е бесплатен, известува интернет страницата на Финската Православна Црква. Одлуката за наплата од посетителите ја донесе Советот на овластени претставници на Православната парохија во Хелсинки.
Цената на билетот е утврдена на 5 евра. Плаќањето може да се изврши преку мобилна апликација, автомат за плаќање или во црковната продавница — во готово или со банкарска картичка. Влезот ќе остане бесплатен за верници кои присуствуваат на богослужби, како и за посетители под 18 години.
На овој начин, наплатата за посетата на оваа позната знаменитост на главниот град ќе се однесува главно на туристите, на кои ќе им биде овозможено да се запознаат со историјата и внатрешниот изглед на катедралата под водство на стручен туристички водич. Собраните средства ќе бидат наменети за одржување и реставрација на Успенската катедрала, чија историја трае веќе еден и пол век.
Во следните пет години, за обнова на Успенската катедрала, Православната парохија во Хелсинки треба да издвои околу пет милиони евра.
Извор: https://www.ort.fi/ru/входв-в-успенский-кафедральный-собор/
