Во Брегот на Слоновата Коска поставени темели на храм во „Свети Апостол Тома“

На 19 октомври 2024 година, Патријаршискиот егзарх на Африка на Руската православна црква, Митрополитот Зарајски Константин пристигна во Брегот на Слоновата Коска.

Следниот ден, во 17-тата недела по Педесетница, архијерејот отслужи Божествена Литургија во парохијата на Воскресението Христово во градот Бинжервил. Со него сослужуваа претседателот на Мисионерскиот оддел на Егзархатот, свештеникот Георгиј Максимов, архијерејскиот намесник на парохиите на егзархатот во Брегот на Слоновата Коска, Буркина Фасо, Бенин и Того, свештеник Партениј Дансу, старешината на парохијата – свештеник Даниил Бру и свештеникот Александар Ебре.

На богослужбата присуствуваше Вонредниот и Ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Брегот на Слоновата Коска, А.Е. Салтиков, известува веб-страницата на Патријаршискиот егзархат на Африка.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Константин одржа архипастирски збор и ѝ подари на парохијата икона на Спасителот. Во спомен на богослужбата, на верниците им беа врачени иконички и крстчиња.

Истиот ден, владиката го посети градот Бонуа, каде што го изврши чинот на осветување на темелите за идната црква „Свети апостол Тома“. На службата на поставување на темелите на храмот учествуваше рускиот амбасадор А. Е. Салтиков. Исто така присуствуваа и локални жители.

Вечерта, Митрополитот Константин во просториите на Руската амбасада во градот Абиџан отслужи водосвет и помен за упокоените, по што разговараше со сонародниците.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/mitropolit-konstantin-sovershil-liturgiyu-i-chin-zakladki-hrama-apostola-fomy-v-kot-divuare/