Со благослов на Неговата Светост Патријархот Романски г.г Даниел, на 29 март 2025 година, во храмот „Свети Јован Крстител“, во Букурешт, беше отслужен Парастос за вечен покој на душите на невинонастраданите чеда Божји во пожарот што се случи на 16 март 2025 година, во Кочани.
Поменот го отслужија презвитерите: Александру-Константин Мортиичи, Валентин-Флорин Темеш и Виктор Михаила, во сослужение на ѓаконот Жарко Марковски, Македонец кој долги години живее и служи во Букурешт.
На молитвениот собир среде присутните триесетина верници од Македонија и Романија беа и Вршителот на должноста Амбасадор на Република Македонија во Романија, г. Златан Беговиќ и Романскиот Принц, европарламентарец на Романија и почесен конзул на Република Македонија, г. Шербан Димитрие Стурѕа.








