На 19 јануари 2025 година, приврзаници на Православната црква на Украина (ПЦУ, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија) го зазедоа храмот „Успение Богородично“ на Украинската Православна Црква во селото Комаринци, во Черновечката област во западниот дел на Украина.
На заземањето му претходеше провокација: на 17 јануари претставници на ПЦУ побараа да им биде отстапен овој храм за погреб на локалниот жител – војникот Павло Унгурјан, повикувајќи се на наводната желба на починатиот.
Молбата беше прифатена и покрај тоа што во Комаринци нема храм на ПЦУ. Локалниот свештеник на Украинската Православна Црква им го отстапи храмот на приврзаниците на ПЦУ, кои за време на богослужбата поттикнуваа омраза кон присутните свештенослужители и верници на канонската Црква. Како резултат на провокациите, настана вербален конфликт, кој подоцна беше искористен за организирање на територијално собрание со гласање „за премин во ПЦУ“, што го предводеше контроверзниот капелан на оваа структура, Роман Гришчук.
Како резултат, на 19 јануари храмот беше одземен од локалната заедница на Украинската Православна Црква.
