Под претседателство на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, на 29 август 2026 година, Светиот синод на Цариградската Патријаршија ја одржа својата редовна седница, на која разгледа низа прашања вклучени во дневниот ред и донесе соодветни одлуки.
По завршувањето на синодските заседанија, во патријаршиската црква „Св. Георгиј“ во Фанар беше извршен чинот на канонизација на шестмина светогорски отци, четворицата Романци: преподобниот јеромонах Нифон, преподобниот монах Нектариј „Протопсалт“, преподобниот јеромонах Дионисиј од Колицу, преподобниот јеромонах Петрониј, како и преподобниот јеромонах Тихон Духовникот, Русин, и преподобниот монах Георгиј, Грк, познат како „Хаџи-Георгиј“.
Патријаршиските и синодските акти за нивното канонизирање беа потпишани во соодветниот Кодекс од страна на патријархот Вартоломеј и од архијереите од Светиот синод.
Новите светители на Црквата и датумите на кои годишно ќе се празнува нивниот спомен се:
- Преподобен Нифон Јеромонах, прв дикеј на Лавриотскиот скит „Св. Јован Крстител“ — 13 јули.
- Преподобен Нектариј Монах Претечанец, Протопсалт — 18 ноември.
- Преподобен Дионисиј Јеромонах, од ватопедската ќелија „Св. Георгиј“ Колицу — 11 мај.
- Преподобен Петрониј Јеромонах, дикеј на Лавриотскиот скит „Св. Јован Крстител“ — 24 февруари.
- Преподобен Тихон Јеромонах Духовникот — 23 септември.
- Преподобен Георгиј Монах, познат како „Хаџи-Георгиј“ — 17 декември.













