Со благослов на Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус Кирил, преку Синодскиот мисионерски оддел се создава мрежа на центри за апологетска мисија по федералните окрузи на Русија. Во работата на Центрите повикани се да учествуваат регионални специјалисти во областа на православната апологетска мисија (пред сè од редовите на професорите на духовните школи) и најдобрите епархиски мисионери.
Основни задачи на овие центри се:
- собирање, обработка, чување и анализа на информации за заблуди, секти, расколнички формации, неопагански и окултни струи, деструктивни субкултури и култови
- учество во работата на Синодскиот мисионерски оддел во изработката на апологетски научно-методички и практично-методички материјали за мисионери
- изработка на популарни апологетски материјали за масовна распространетост (печатење и медиумска содржина)
- теоретска и практична обука на мисионери за спротивставување на горенаведените секти, струења и култови.
Дејноста на центрите за апологетска мисија по федералните окрузи ќе се протега на сите епархии на Руската Православна Црква на територијата на Русија. Координацијата на работата на центрите ќе ја врши Синодскиот мисионерски оддел.
