На 20 октомври 2025 година, Митрополијата Неа Јонија, Филаделфија, Ираклио и Халкидон на Црквата на Грција го објави почетокот на проектот „Логос“ – дигитална алатка создадена врз основа на вештачка интелигенција (платформа Чет џи-пи-ти) за одговарање на теолошки и духовни прашања, известува грчкиот црковен портал „Ортодокс тајмс“.
Проектот е развиен во соработка со лабораторијата информатички технологии „Херон“ и Егејскиот универзитет. Целта е да им обезбеди на верниците сигурни и теолошки точни информации, нагласувајќи дека вештачката интелигенција треба да биде алатка што му служи на човекот.
Според неговите создавачи, алгоритмот „Логос“ е способен да препознае, обработува и пренесува содржина на православната црковна мисла, нудејќи му на корисникот автентично и одговорно искуство на духовно знаење.
Развивачите потенцираат дека новата алатка не го заменува духовникот ниту ги заменува одлуките на Црквата, туку има за цел да им помогне на верниците во размислувањето, проучувањето и зацврстувањето на верата, инспирирајќи ги кон подлабоко разбирање на православното предание.
Иницијативата на Митрополијата има за цел креативна употреба на технологиите во полза на духовниот развој и на црковното сведоштво.
Платформата функционира на различни јазици и е достапна на следната адреса: https://tinyurl.com/logos-ai
Извор: https://orthodoxtimes.com/greek-metropolis-launches-logos-an-ai-powered-tool-for-spiritual-learning/
