Во Калифорнија откриен споменик на светиот цар Николај

Во храм на Руската Задгранична Православна Црква (РЗПЦ) во Калифорнија, САД неодамна беше откриен споменик на светиот маченик цар Николај II.

Бистата беше свечено откриена и осветена на 14 јуни, во храмот „Сите руски светители“ во Берлингејм, на Неделата на Сите руски светители, по Божествената Литургија што ја служеа Неговото Преосвештенство епископот Петар Сиетлски, настојателот на храмот протојереј Стефан Павленко и свештенослужители од Западноамериканската епархија, пренесува „Православие.ру“.

Бистата е изработена според проект на познатиот руски скулптор Вјачеслав Кликов, чии дела се добро познати и во Русија и во странство. Поставувањето на споменикот беше овозможено благодарение на заложбите на семејството Генералов.

Храмот „Сите светители кои засветлија во Руската Земја“ во Берлингејм обединува верници од различни генерации, меѓу кои потомци на руските емигранти, понови доселеници и православни Американци.

По повод отворањето на споменикот беше организирана и фотографска изложба посветена на Царското семејство, со материјали обезбедени од Сретенскиот манастир во Москва.

Престольный празник 2026 и освящение монумента страстотерпца царя мученика Николая II (КОРОТКО)Престольный празник 2026 и освящение монумента страстотерпца царя мученика Николая II (КОРОТКО)

Извор: https://pravoslavie.ru/178730.html