На 9 март 2025 година, во Неделата на Православието, Цариградскиот Патријарх г.г. Вартоломеј началствуваше со Светата Литургија, во седиштето на Патријаршијата, во сослужение со поглаварот на Православната Црква на Украина (ПЦУ) Епифаниј. ПЦУ, чија автокефалност е доделена од Цариградската Патријаршија, останува без широко признавање во православната икумена, а е делумно признаена од четири помесни Цркви.
На богослужбата присуствуваа бројни архијереи од Цариградската Патријаршија, свештеници, монаси од Света Гора, амбасадорот Константинос Кутрас – генерален конзул на Грција во Истанбул како претставник на грчката влада, генералниот конзул на Украина Роман Недилски и претставници на конзулатот, и мноштво верници од градот и од странство.
По отпустот на Литургијата беше отслужен помен за покој на душите на сите што се бореле и се упокоиле за православната вера, а потоа следеше литија со икони.









Извор: https://ec-patr.org/η-κυριακή-της-ορθοδοξίας-στο-οικουμεν-2/