Во Нигерија исламисти убија христијани, меѓу кои и парохијани на Руска Православна Црква

Утрото на 6 март 2026 година исламски терористи нападнаа христијанско село Туран (сојузна држава Бенуе) во Нигерија. Тие убија дел од жителите, некои беа ранети, а останатите мораа да се спасуваат со бегство – соопштува Егзархатот на Африка на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија.

Двајца од убиените — Јован Акуле и Даниил Ахемба — беа членови на заедницата на Руската Православна Црква која делувала во ова село. Ова се првите африкански парохијани на Руска Православна Црква убиени за верата.

Како што се соопштува, пронајдени се десет тела на убиени, но бројот на жртви може да порасне: продолжува прегледот на околината и можно е да бидат откриени нови тела. Вкупно во Туран имало педесет православни христијани, од кои дваесет биле деца.

Во меѓувреме, преживеаните членови на заедницата имаат потреба од итна помош. Настојателот на заедницата, архимандрит Нифонт (Хјуле), известува:

„Луѓето мораа да остават сè, а поради приливот на бегалци во најблиското гратче тешко може да се најде дури и вода за пиење и храна. На некои им е потребна медицинска помош.“

Патријаршиски егзархат на Африка отвора итно собирање средства. Помошта ќе биде наменета за семејствата на загинатите, како и за православните христијани од заедницата кои останале без покрив над глава и средства за живот.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/v-nigerii-islamisty-ubili-hristian-sredi-kotoryh-prihozhane-russkoj-pravoslavnoj-czerkvi/