Во ставропигијалниот Воведенски манастир „Оптина пустина“, со благослов на Патријархот Московски и на сета Рус Кирил, се одржа тридневен семинар „Консултантска школа“, за помош на луѓе, зависници од наркотици. На семинарот зедоа учество 27 луѓе-жители на манастирот и претставници на православни парохии од 11 епархии на Руската црква. Главна задача на семинарот беше подготовка на консултанти, меѓу жителите на манастирот, во врска со прашањата на зависноста. Обуката ја спроведе Каменскиот и Камиловски епископ Методиј, кој е раководител на Координативниот центар за борба против наркоманијата, во склоп на Синодскиот оддел за црковна добротворна и социјална служба.
Во рамките на семинарот, тој ги запозна присутните со општоцрковниот систем за помош на наркозависници, како и со изработената „Методологија за социјална рехабилитација на наркозависниците во црковната заедница“. Епископот Методиј е еден од нејзините автори. Исто така, тој им раскажа на учесниците на семинарот како можат манастирите да бидат ефективно вклучени во системот за помош на зависниците.
Денес во Русија дејствуваат 245 црковни проекти за помош на наркозависници- 49 рехабилитација центри, 19 центри за ресоцијализација, 5 мотивациски центри, 15 амбулантни програми, 68 консултативни пунктови и 89 групи за помош и подршка на зависниците и на нивните роднини.