На 1 јули 2024 година, во манастирот „Благовештение“ во Супрасл (Полска) и во Супраслската Академија, официјално започна средба на православната младина од преку дваесет земји („Супрасл 2024 – Меѓународна средба на православната младина“).
Средбата е организирана од Здружението „ОртНет“, во соработка со „Супрасл: светско братство на православната младина“ и со други православни организации, кои работат со младина. Настанот се одржува со благослов на Митрополитот Сава, поглавар на Полската православна црква.
Цел на средбата е собирање на млади луѓе од помесните Православни Цркви од целиот свет, за да ги почувствуваат единството и универзалноста на Црквата, за да се поткрепат меѓусебно во верата во нашиот Господ Исус Христос и за да се мотивираат активно да учествуваат во животот на Православната Црква.
Настанот започна со читање на посланието на Митрополитот Сава, во кое тој им благодари на младите за нивните напори во распространување на Православието по светот. Тој особено обрна внимание на важноста што ја имаат напорите на меѓународно ниво за обединување на православната младина од целиот свет, и ги повика сите да направат сѐ што е можно за сочувување на единството на Православната Црква.
Деветдневниот настан, со семинари, предавања, уметност, филм, музика и практични активности, ќе ја разработува главната тема на средбата: „Дојде време да Му се служи на Господ: Литургија и творештво“. Раководители на семинарите се: отец Нилос Нелис (Канада), Ари Копонен (Финска), отец Влодзимеш Мисијук (Полска), Ксенија Медведева (Белорусија/Полска), Александра Стевановиќ (Србија), професор Александар Наумов, Лукаш Хајдучења и отец Пантелејмон Карчевски.









Извор: https://www.orthodox.pl/prawoslawna-mlodziez-na-spotkaniu-w-supraslu/