Во Санкт Петербург беше отслужена Литургија на гагауски јазик

На 21 декември 2025 година, во 28-та недела по Педесетница, со благослов на Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус Кирил, во храмот „Преображение Господово“ во Санкт Петербург беше отслужена Божествена литургија на гагауски и црковнословенски јазик – известува интернет страната на Московската Патријаршија.

Со благослов на ректорот на Санктпетербуршката духовна академија, епископот Петерготски Силуан, во богослужбата учествуваа студенти на духовната школа, кои ги изведоа песнопенијата на гагауски (староосмански) јазик во византиски напев.

По завршувањето на Литургијата, со слово кон гагаузсата заедница се обратија настојателот на храмот, протојереј Николај Денисенко, и Патријаршискиот архиѓакон Константин Барган.

По богослужението, архиѓаконот Константин одржа духовен разговор на гагауски јазик на актуелни теми поврзани со религиозниот живот на гагауската заедница во Санкт Петербург.

Извор: https://www.patriarchia.ru/article/118914