На 23 декември 2024 година, Патријаршискиот Егзарх (од Руската православна црква) на Африка, Митрополитот Зарајски Константин ја посети парохијата, посветена на св. Јован Шангајски, во градот Чибога во Уганда. Таму Митрополитот отслужи Литургија, во сослужение на свештенството и на верниот народ. Пред Литургијата, тој изврши Крштение на четворица луѓе.
По завршување на Литургијата, Митрополитот Константин им се обрати на присутните со архипастирска беседа, а на парохијата ѝ подари Богородична икона. На сите присутни верници им беа врачени икони и крстчиња. Потоа, тој го изврши чинот на осветување на камен-темелникот за изградба на идниот храм, посветен на св. Јован Шангајски.
Митрополитот Константин претседаваше со заседанието на свештеничкото собрание на Централното намесништво. Истиот ден, тој прими уште еден клирик, кој премина од Александриската патријаршија во Руската православна црква. Исто така, архијерејот поразговара со кандидатите за упис во богословија.
Вечерта, Митрополитот Константин имаше средба со амбасадорот на Руската Федерација во Уганда и во Јужен Судан. На средбата присуствуваа отец Георгиј Максимов и личниот секретар на Митрополитот, чтецот В. Дендјук. Во тек на разговорот беа нагласени добрите односи меѓу народите на Русија и на Уганда, како и интензивниот развој на мисијата на Руската православна црква во оваа африканска земја, каде што интересот за Православието се појавил пред повеќе од 120 години.
















