Во Замбија крстени 14 локални жители

На 31 мај 2025 година, на денот на споменот на светите отци од седумте Вселенски собори, во парохиите на Јужноафриканската епархија, во Замбија, беше извршена светата тајна Крштение над 14 локални жители, соопштува Патријаршискиот егзархат за Африка на Руската Православна Црква.

Во парохијата на рамноапостолните Константин и Елена во градот Чонгве (провинција Лусака), старешината на парохијата, свештеникот Силвестер Мумби, крсти 11 лица.

Во парохијата на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во градот Мвензе (провинција Луапула), тројца луѓе беа крстени од настојателот на парохијата, свештеникот Христофор Мвелва.

На 1 јуни, во Седмата недела по Пасха – во чест на светите отци на Првиот Вселенски Собор – за време на Божествената литургија на овие парохии, новокрстените се причестија со Светите Христови Тајни.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/v-zambii-kreshheny-14-mestnyh-zhitelej/