Водосвет во Врховниот суд на Грција по повод почетокот на новата работна година

По повод почетокот на новата работна година, Архиепископот Атински и на и цела Грција, г.г. Јероним, на 17 октомври изврши водосвет во Врховниот суд на Грција. Благословувајќи ја новата работна година, тој изрази желба „Бог да ги води нашите чекори кон секое добро дело“.

Архиепископот и неговата придружба беа пречекани од Претседателката на Врховниот суд, г-ѓа Јоана Клапа, Обвинителката г-ѓа Георгија Адеилини, Министерот за правда г. Јоргос Флоридис, и Генералниот секретар на Министерството за правда, г. Пелоп Ласкос.

По завршувањето на осветувањето, Архиепископот им посака на сите – особено на оние кои работат во областа на правдата – да го следат она што беше прочитано за време на службата, а тоа е „Бог да ги води чекорите на сите во секое добро дело“, што е важно за сите нас, без разлика каде служиме – во Црквата, во Правдата или во Државата. Тоа е нешто што ни е потребно повеќе од кога било.

Потоа, Претседателката им се заблагодари на Архиепископот, Министерот и Обвинителите, додека честитки за новата година упатија Обвинителката и г. Флоридис.

Извор: https://www.ecclesiagreece.gr/epikairotita/main_epikairotita_next.php?id=3798