Волаколамскиот митрополит Антониј богослужеше кај моштите на св. Николај во Бари

На 15 февруари 2024 година, на празникот Сретение Господово, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Руската Православна Црква, Волаколамскиот митрополит Антониј отслужи Литургија во базиликата на св. Николај Чудотворец во италијанскиот град Бари. Со благослов на Патријархот Московски и на сета Рус Кирил, Митрополитот Антониј пристигна во кратка работна посета на Бари претходниот ден.

Пред влезот на базиликата тој беше пречекан од: старешината на храмот, свештеник Џовани Дисанте, градоначалникот на Бари Вито Личезе, почесниот конзул на Русија во Бари Микеле Болетјери и почесниот конзул на Белорусија Алесандро Адријани.

Во криптата на храмот, Митрополитот Антониј отслужи Литургија на престолот, под кој почиваат моштите на свети Николај Чудотворец. Нему му сослужуваа старешината на Подворјето на Московската Патријаршија во Бари, протојереј Вјачеслав Бачин, протојерејот Сергеј Беспалов и секретарот на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски, свештеник Николај Васин.

По завршување на богослужбата беше отслужено славословие за празникот и за светителот, по што Митрополитот им се обрати на присутните со проповед. Потоа старешината на базиликата топло го поздрави Митрополитот и му подари миро од моштите на св. Николај. Од своја страна, Митрополитот Антониј му заблагодари за скапоцениот подарок и за гостопримството што им се укажува руските поклоници.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/92884/