Вонредна седница на Ерусалимската патријаршија за манастирот „Св. Герасим“

Игумен Хризостом

На 20 август / 2 септември 2026 година, под претседателство на Неговото Блаженство патријархот Ерусалимски Теофил III, беше одржана вонредна седница на која главна тема беше здравствената состојба на старецот Хризостом, игумен на манастирот „Свети Герасим Јордански“.

На седницата беа изнесени информации за неговата здравствена состојба, при што патријархот Теофил III ја изрази својата грижа, а отците својата љубов и поддршка кон старецот. Воедно, беа упатени усрдни молитви кон човекољубивиот Бог за неговото здравје и укрепување, со молитва благодатта и милоста Господова да го чуваат и зајакнуваат во времето на ова искушение.

Заради зачувување на поредокот и обезбедување непречено функционирање на манастирот, на седницата беше донесена одлука за формирање тричлена комисија. Во неа се определени: митрополитот Капитолијадски Исихиј, архимандрит Матеј и архимандритот Христодул, секретар на Светиот и Свештен Синод.

На комисијата, под благослов и насоки на патријархот Теофил III, ѝ е доверена привремена грижа и надзор над сите прашања поврзани со манастирот. Нејзина задача е да обезбеди непрекинато функционирање на манастирот, зачувување на монашкиот поредок и соодветно решавање на сите прашања што ќе се појават во периодот во кој старецот Хризостом не е во можност да ги извршува своите должности.

Седницата заврши со молитва и со топли молитвени желби за старецот Хризостом, Господ, Лекарот на душите и телата, да го осени со Својата благодат, да му даде сила и утеха и да го опкружи со Својата бескрајна милост и човекољубие – известува Ерусалимската Патријаршија.

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/anakoinothenta/εκτακτος-συναξις-περι-της-ιερας-μονης/