Торжественото востоличување или возведување на архиепископската катедра на Неговото Високопреосвештенство Илија, Архиепископ на Хелсинки и цела Финска, се одржа на 15 декември 2024 година во Успенскиот соборен храм во Хелсинки.
Востоличувањето на новиот поглавар на Финската Православна Црква го изврши претставникот на Цариградската патријаршија, Неговото Високопреосвештенство Арсениј, Митрополит Австриски, Ипертим и Егзарх на Унгарија и Централна Европа.
Божествената Литургија во Успенскиот соборен храм во Хелсинки ја отслужи Неговото Високопреосвештенство Илија, Архиепископ на Хелсинки и цела Финска, во сослужение со:
– Неговото Високопреосвештенство Арсениј, Митрополит Австриски, Ипертим и Егзарх на Унгарија и Централна Европа (Цариградска патријаршија)
– Неговото Високопреосвештенство Арсениј, Митрополит на Куопио и Карелија (Финска православна црква)
– Неговото Високопреосвештенство Даниил, Архиепископ Памфилиски, поглавар на Западната епархија на Украинската Православна Црква во САД (Цариградска патријаршија),
– Неговото Преосвештенство Александар, Епископ Пјарнуски (Естонска Апостолска Православна Црква, при Цариградската Патријаршија),
– Неговото Високопреосвештенство Агапит, Архиепископ Вишгородски, викар на Киевската епархија (Православна Црква на Украина – ПЦУ),
– Неговото Високопреосвештенство Клеопа, Митрополит Шведски и Скандинавски (Цариградска патријаршија),
– Неговото Преосвештенство Сергиј, Епископ на Хамина (Финска православна црква)
Меѓу поканетите гости на богослужбата беа присутни:
– Поглаварот на Евангелско-Лутеранската Црква на Финска, Архиепископ Тапио Луома,
– Поглаварот на Католичката епархија на Хелсинки, Неговото Преосвештенство епископ Рајмо Гојарола (Католичка црква во Финска),
– Претседателот на еврејската заедница на Хелсинки, Јарон Надборник,
– Имамот на татарите во Финска, Рамил Белјаев,
– Шефот на канцеларијата на Управата на Црквата на Евангелско-Лутеранската Црква на Финска, Пека Хуокуна,
– Раководителот на одделот за надворешни односи на Управата на Евангелско-Лутеранската Црква на Финска, Кимо Кјериајнен,
– Епископ-капелан Пека Асикаинен (Евангелско-Лутеранска Црква на Финска),
– Претседателот на Парламентот на Финска, Јуси Хала-Ахо,
– Шефот на протоколот на Министерството за надворешни работи на Финска, Мика Коскнин,
– Шефицата на канцеларијата на Министерството за образование и култура, Анита Лехикојнен,
– Амбасадорката на Украина во Финска, г-ѓа Олга Диброва,
– Амбасадорката на Грција во Финска, г-ѓа Наталија Каранеоргу,
– Амбасадорот на Кипар во Финска, г. Димитрис Самуел,
– Амбасадорката на Обединетото Кралство во Финска, г-ѓа Лаура Дејвис,
– Претседателот на украинското здружение во Финска, Василиј Гуцул.
Извор: https://www.ort.fi/ru/многая-лета-новому-предстоятелю-фи/