Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј на 24 ноември 2024 година началствуваше на светата Литургија во соборната црква „Свети Сава“, во Лондон, и во таа прилика го воведе Негово Преосвештенство г. Нектариј на тронот на епископијата лондонска и великобританско-ирска.
На светејшиот Патријарх, покрај новоустоличениот Преосвештен Епископ лондонски и великобритско-ирски г. Нектариј, му сослужуваа и Високопреосвештените митрополити: скандинавскиот Доситеј и нишкиот Арсениј од Српската православна црква, западноевропскиот Јосиф од Романската православна црква, Преосвештените епископи: Валевскиот Исихиј, Јенопољскиот Никон, Сурошкиот Матеј од Руската православна црква, Богданскиот Анастасиј од Романската Православна Црква, архимандритот Методиј, игумен на манастирот Хиландар, свештеници од Српската, Романската, Руската и Руската задгранична православна црква, како и свештенослужителите Виктор Стојчев и Гаврил Галев од Македонската православна црква – Охридската архиепископија.
На богослужбата присуствуваа: Негово Кралско Височество принцот Мајкл од Кент со неговата ќерка, принцезата Габриела Кингстон, Никола Селаковиќ – пратеник на Претседателот на Република Србија и министер за култура во Владата на Република Србија, принцезата Катарина Карагорѓевиќ, д-р Владимир Рогановиќ – директор на Управата за соработка со црквите и верските заедници при Министерството за правда на Република Србија, Едвард Фергунсон – амбасадор на Велика Британија во Србија, Горан Алексиќ – амбасадор на Република Србија во Обединетото Кралство, Вил Лејн – началник на Кралската општина Кенсингтон и Челси, архимандрит Нифон Цималис – пратеник на Архиепископот тијатирски и великобритански на Цариградската Патријаршија, Надбискупот белградски Ладислав, кардинал Немет, високопречесните Канон Роберт Плурд Мигуел Переза од Римокатоличката Црква, Преосвештениот Епископ лондонски г. Аврам од Асирската Црква на Исток, пречесниот Хакан Вилхелмсон од Црквата на Шведска, пречесниот д-р Вилијам Тејлор – викар во Кенсингтон и претседавач на Здружението на Англиканската и Источните Цркви и екуменски советник на Црквата на Англија, пречесниот Алан Тригле од Здружението на Англиканската и Источните Цркви, претставници на Амбасадата на Босна и Херцеговина и многубројно свештенство и монаштво и благочестив народ на новоформираната епархија британско-ирска.
Српската православна црква во Лондон
На редовната седница од 14 до 18 мај 2024 година, Светиот Архиерејски Собор на Српската православна црква донесе одлука за поделба на епархијата Британско-скандинавска, при што се формираа епархијата Скандинавска со седиште во Стокхолм и епархијата Великобританско-ирска со седиште во Лондон, за чиј архијереј беше избран Преосвештениот Епископ Јегарски г. Нектариј.
Лондонските Срби се собираат во знаменитата соборна црква „Свети Сава“, која е изградена во 1903 година како англиканска црква посветена на свети Колумбо. Подоцна е преуредена за православни богослужби. Осветувањето во 1952 година го изврши светиот владика Николај Жички и Охридски. Зградата е многу пространа, украсена со фрески кои се главно копии од ѕидовите на српските манастири од 13 век од регионот на Косово и Метохија. Посебно вреден е иконостасот изработен во дрворез од орев и богато украсен со икони. Пред олтарот се наоѓаат два трона, исто така изрезбани во орев. Едниот е наменет за епископот, а другиот за кралскатото семејство. На кралскиот трон, покрај членовите на српското кралско семејство кое живеело во егзил во Лондон, во 1945 и 1957 година седела и кралица Елизабета II, кума на крштевањето на принц Александар, син на крал Петар II, односно Марија Татјана – ќерка на принцот Андреј Карагорѓевиќ.
Порака од Кралот Чарлс
За време на свеченото востоличување, беше прочитана и Пораката на Негово Величество Кралот Чарлс III, во која, меѓу другото, стои:
„По повод востоличувањето на новоизбраниот Епископ лондонски и великобританско-ирски г. Нектариј, ги упатувам своите срдечни поздрави до Српската Православна Црква и српскиот народ. Со љубов се сеќавам на својата посета на Србија во 2016 година, времето поминато со Негова Светост Патријархот Српски г. Иринеј, како и на својата посета на манастирот Ковиљ, каде бев љубезно примен од страна на тогашниот Митрополит, а сега Негова Светост Патријарх г. Порфириј.
Денешната свеченост претставува спроведување на одлуката на Светиот Архиерејски Собор на Српската православна црква за прв пат да воспостави епархија Великобританско-ирска. Навистина се надевам дека основањето на оваа нова епархија ќе придонесе за обновување и продлабочување на трајните врски меѓу Српската Православна Црква и Црквата на Англија, како и меѓу нашите народи. Мојата сопруга ми се придружува во упатувањето на нашите најдобри желби на епископот Нектариј на почетокот на неговата пастирска служба во нашата земја“
Извор: https://spc.rs/ustolicen-episkop-londonski-i-britansko-irski-nektarije/