Востоличување на новиот игумен на Светогорскиот манастир Зограф

Во свечена атмосфера во неделата, на 11 мај 2025 година, се одржа востоличувањето на новиот игумен на манастирот „Зограф“ на Света Гора, архимандритот Гавриил (Каратотев).

Устоличувањето се одржа во католиконот на Свети Георгиј, во присуство на игумени и претставници на светогорските манастири.

Исто така, присуствуваше бугарска делегација предводена од министерот за правда Георги Георгиев, како и министрите за земјоделство, економија и индустрија, и министерот за млади.

Забележително е и присуството на заменик-министерот за внатрешни работи  на Грција г. Константинос Гиулекас.

Игуменот на Свештената Зографска Обител, старец Гавриил, беше избран за игумен на 12 април 2025 година, за што известивме.

„Беше чест за бугарската државна делегација да му честита и да присуствува на устоличувањето на игуменот на бугарскиот свет манастир Зограф. Историски настан од големо значење, со оглед на тоа што Зографскиот манастир е еден од симболите на бугарската духовност“, изјави министерот за правда Георги Георгиев по завршувањето на востоличувањето.

На крајот, следеше свечена трпеза на која новиот игумен им се заблагодари на сите присутни на неговото востоличување.

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/69719-enthronistike-o-neos-igoymenos-tis-i-m-zografou-gavriil