За првпат во Грција, неделата на Православието ќе биде одбележана без присуство на политичари

Илустрација: ekklisiaonline.gr

Во неделата на Православието, на 24 март 2024 година, овој голем ден за Православието, по првпат (во Грција) ќе биде одбележан без присуство на политичари. На овој начин, Архиепископот Јероним и Светиот Синод (во потесен состав) одлучија да го изразат своето незадоволство од одлуката на владата за озаконување на истополовите бракови. Исто така, на тој начин го изразуваат своето незадоволство и поради учеството на претседателот на Грција Катерина Сакеларопулу во „победничкото славје“ по изгласувањето на законот.

Архиепископот и членовите на Синодот нема да бидат ниту на вообичаениот ручек, што претседателството на државата секоја година го организира во неделата на Православието, во чест на членовите на Синодот. Обично, секоја година, во неделата на Православието, во катедралниот храм во Атина се служи Литургија, со која началствува Архиепископот, а сослужуваат членовите на Синодот. Оваа година, овој настан е преместен во манастирот „Петраки“, а Литургијата ќе ја служат тројца архијереи, додека Архиепископот, најверојатно, ќе биде само присутен.

А, на 25 март (Благовештение и национален празник во Грција), Архиепископот ќе ја пречека претседателката на државата, која ќе дојде на благодарствениот молебен во митрополитскиот (катедрален) храм во Атина.

Клирот (на Грчката црква) „врие“ против пратениците, кои гласаа за законот за хомосексуални бракови. Се смета дека тоа ќе се одрази и врз ставот на архијереите и на свештениците во периодот пред европарламентарните избори.

Извор: https://www.ekklisiaonline.gr/nea/ne-men-alla-apo-tin-ekklisia-i-ptd-den-tha-parasti-tin-kyriaki-tis-orthodoxias-kanonikotata-omos-stin-doxologia-tis-25is-martiou/