На 14 јуни 2024 година, во Сремски Карловци (Србија) се одржа заедничка седница на Светите архијерејски синоди на Српската православна црква и на Руската задгранична црква, под претседателство на Српскиот Патријарх Порфириј. На свечената седница учествуваа: поглаварот на Руската задгранична црква, Митрополитот Николај и членовите на Синодите на двете Цркви.
По молитвата и по почетното обраќање на Патријархот Порфириј, Митрополитот Николај и имаше поздравно обраќање. На крај од обраќањето, тој го одликуваше Српскиот Патријарх со Синодски орден на Корено-Курската Богородична икона „Знамение“ од прв степен. Исто така, Митрополитот Николај му подари на Патријархот икона на Богородица, опкружена од: свети Јован Шангајски и свети Јона Ханкоунски, новомаченици,исповедници и подвижници од руската дијаспора. Иконата е изработена по повод стогодишниот јубилеј на Руската задгранична црква. Исто така, тој му подари и епископска панагија.
Потоа се одржа дискусија во врска со широк спектар на теми, кои се однесуваат на меѓуправославните односи, како и во врска со други прашања од заемен интерес. На крајот од седницата, Патријархот им врачи подароци на членовите на делегацијата . Во трпезаријата на Богословијата „Св. Арсениј“ беше организиран заедничкиот ручек.
Истиот ден, во вечерните часови, делегацијата на Руската задгранична црква ги посети манастирите Гргетег и Ново Хопово. Овие манастири биле најзначајни духовни центри на руската емиграција.
Извор: https://synod.com/synod/2024/20240615_sremskikarlovci.html