Заедничко послание до новиот претседател на Сирија

Јован Десетти, Православен Патријарх Антиохиски и на целиот Исток заедно со Игнатиј Ефрем II, Сириско-православен (Јаковитски) Патријарх Антиохиски и на целиот Исток и Јосиф Ал-Абси, унијатски Патријарх Антиохиски и на целиот Исток, на 31 јануари годинава испратија заедничка честитка до новиот претседател на Сирија, г. Ахмед Шара – известува Антиохиската патријаршија преку својата интернет страница. Во посланието се вели:

„Почитуван претседател Ахмед Шара, 

Претседател на Арапската Република Сирија,

Ви честитаме за победата и преземањето на должноста Претседател на Арапската Република Сирија, и Го молиме Семоќниот Бог да Ви подари сила и мудрост за управување со оваа клучна преодна фаза, за доброто на земјата и народот. 

Народот на Сирија, во сите свои различности, претрпе многу страдања, но денес стоиме на прагот на нова историја, чија главна карактеристика се безбедноста, слободата и достоинството за секој сириски граѓанин. Споделувајќи ја радоста од повторното зазорување на сонцето над Сирија, ја изразуваме нашата солидарност и решителност да работиме рамо до рамо со вас и со сите наши браќа од сирискиот народ за обнова на татковината и нејзините уставни институции. 

Нека овој успех се исполни со одговорност и верност, за да остане како скапоцено наследство на Сирија, впишувајќи нови, светли страници во нејзината славна историја. 

Да живеете Вие, да живее Сирија и нејзините горди синови и ќерки!“

Извор: https://www.antiochpatriarchate.org/en/page/patriarchs-congratulate-president-al-shara/2842/