Ерусалимската Патријаршија и понатаму се соочува со сериозен финансиски и правен проблем, бидејќи нејзините банкарски сметки остануваат „замрзнати“ од страна на властите во Ерусалим – известува грчката редакција на Сојузот на православни журналисти.
Ова следува по одлуката на општинските власти да ги блокираат сите расположливи средства на Патријаршијата, поради спор околу општинскиот данок на недвижности, кој се бара да се наплатува за црковни имоти што се користат за цели различни од богослужение, на пример: конаци и објекти за сместување на поклоници, како и други дејности.
Властите тврдат дека има долг за даноци, додека Патријаршијата инсистира дека историски и правно ѝ се признаени даночни ослободувања. Оваа состојба трае од август 2025 година до денес и сè уште не е надмината, со што се отежнува функционирањето, исплатата на плати и услугите што Црквата ги нуди во Светите Земји, а воедно се предизвикува и поширока напнатост меѓу христијанските заедници и израелските власти.
Што значи ова практично за Патријаршијата и за православните?
- Ризик од губење на имот: Доколку не се платат даноците, може да дојде до заплени или принудни продажби на недвижности. Ова е исклучително опасно во Светите Земји.
- Патријаршијата ја одржува жива грчкојазичната и арапскојазичната православна заедница, таа претставува брана против исчезнувањето на христијаните од регионот.
- Се создава опасен преседан – утре истото може да му се случи на Ерменскиот или Католичкиот патријархат, а задутре и на муслиманските вакуфи. Затоа сите Цркви реагираат обединето.
Извор: https://eeod.gr/news/85990-se-akinisa-oi-trapeziko-logariasmo-tou-patriarcheou-ierosolmon
