На 13 јануари 2024 година, Црногорско-приморската Митрополија на Српската православна црква, го издаде следното соопштение, по повод нападот насочен против свештеникот на оваа Митрополија во Тиват, Црна Гора. Содржината на соопштението ја пренесуваме во целост.
„Синоќа беше нападнат семејниот дом и загрозена безбедноста на најблиското семејство на свештеникот Мијaјло Бацковиќ, парох Тиватски. Без разлика што запалениот автомобил не е во сопственост на свештеникот, туку му бил даден на користење од пријател во изминатите години, овој метод на напад нè потсетува на валканите траги на криминални банди. Намерата на злосторниците е да ја нарушат безбедноста на свештеникот, неговата сопруга и децата, и ова е длабоко антицрковен чин, кој остро го осудуваме. Ги повикуваме надлежните државни служби и локалните власти да преземат сè што е потребно за сторителите на ова гнасно злодело да бидат идентификувани и санкционирани.
Имајќи ја предвид количината на лаги, манипулации и клевети кои се насочени кон Црквата и нејзиното свештенство, особено интензивирани овие денови, ваков напад беше и очекуван.
Убедени сме дека надлежните органи имаат капацитет брзо да го расветлат овој злосторнички чин. Во овие тешки времиња, полни со искушенија, уште еднаш апелираме до сите општествени чинители да покажат потребна одговорност и да направат сè што е потребно за мирот и безбедноста да се вратат во нашите домови.“
Извор: https://mitropolija.com/2025/01/13/saopstenje-mitropolije-crnogorsko-primorske-3/