На 25 декември 2025 година започна мирната посета на Бугарскиот Патријарх Даниил на Цариградската Патријаршија. Ова е неговата прва мирна посета по изборот и востоличувањето за патријарх во 2024 година.
Пред заминувањето за Истанбул, Неговата Светост отслужи водосвет, при што се помоли за мирно патување и Божји благослов. Во придружба на патријархот се Високопреосвештените митрополити: на Централна и Западна Европа Антониј, Варненски и Великопреславски Јован, Русенски Наум, Старозагорски Кипријан, на Враценски Григориј, Видински Пахомиј, како и Преосвештениот епископ Мелнишки Герасим.
Во 16:00 часот по локално време, Патријархот Даниил и неговата придружба пристигнаа на аеродромот „Ататурк“, каде што беа пречекани од Високопреосвештените митрополити Силивриски Максим и Анкирски Григориј.
Нешто по 17:00 часот по локално време Патријархот Даниил и неговата придружба беа пречекани на влезот на Цариградската Патријаршија во Фанар од страна на Високопреосвештениот Митрополитот Халкидонски Емануил, како и од митрополити и клирици од патријаршискиот двор.
Во патријаршискиот храм „Свети Георгиј“ беше отслужена доксологија по повод приемот. По завршувањето на богослужбата, се одржа официјалниот прием на Патријархот Даниил од страна на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј и членовите на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија
Според програмата, на 26 декември 2025 година Цариградскиот Патријарх ќе началствува со свечената Божествена Литургија, на која ќе сослужуваат Патријархот Бугарски и архијереи од двете страни.






