Заштитниците на канонската Украинска православна црква повикаа на заштита на православието 

Одлуката на Украинската Рада да прифати нацрт-закон кој дозволува забрана на активностите на канонската Украинска православна црква (УПЦ), ги обедини претставниците на различни помесни Цркви, кои повикаа на прекин на прогоните против претставниците на православието во Украина. На прес-конференцијата организирана од Меѓународниот форум на православните жени и Центарот за геостратешки истражувања, учествуваа Диогенис Валаванидис – директор на Центарот за заштита на христијанскиот идентитет во Белград, д-р Драгана Трифковиќ – геополитички аналитичар, Румјана Ченалова – правник, протојереј Михаил Ковачев од Ловчанската епархија, Василијана Мерхеб – теолог и политиколог, Валентин Кардамски – новинар и политички коментатор. Преку онлајн-врска им се приклучија Архиепископот Теодосиј (Хана) од Ерусалим, протојереј Саша Петровиќ – претставник на Српската православна црква во САД, и митрополитот Лука Запорошки од УПЦ.

Освен за прогоните на УПЦ и на нејзините свештеници, беа презентирани и информации поврзани со нападите врз православните храмови во Палестина и прогоните на свештенството на Косово и Метохија. Беа разгледани и прашања поврзани со обединување на православните верници од целиот свет против обидите на надворешни фактори да ја уништат Православната Црква. Исто така, беше дискутиран текстот на заедничката декларација за актуелните проблеми претставени на прес-конференцијата, како и можностите за соработка со организацијата на Обединетите нации во заштита на православието.

Извор: https://bnr.bg/ru/post/102037846