Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на 4 април 2026 година, ја оствари четвртата посета на седиштето на Цариградската Патријаршија во Фанар.
Цариградскиот Патријарх Вартоломеј срдечно го пречека претседателот во Патријаршиската канцеларија, по што следеше средба во траење од околу час и половина. Во текот на разговорот, Патријархот, меѓу другото, ја изрази поддршката на Цариградската Патријаршија за мировните напори, како и својата постојана загриженост за илјадниците киднапирани украински деца, изразувајќи надеж дека тие наскоро ќе се вратат и повторно ќе се соединат со своите семејства во Украина – пренесува интернет страницата на Патријаршијата.






Извор: https://ec-patr.org/04/04/20/29/episkepsi-toy-proedroy-tis-oykranias-k/
