На 05.11.2023 г., во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот апостол Јаков, брат Господов, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Митрополитот Старозагорски г. Кипријан од Бугарската Православна Црква и поранешниот Митрополит на Арта г. Игнатиј од Грчката Православна Црква, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп. На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.