Во Неделата на митарот и фарисејот, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован служеше и проповедаше во храмот „Свето Преображение Господово“ во Суторина, во сослужение на Епископот домаќин, захумско-херцеговачкиот Димитриј, заедно со повеќе свештеници и ѓакони од Митрополијата црногорско-приморска и од Епископијата захумско-херцеговачка.
Суторина, до Игало е единствена парохија која е во Црна Гора, а припаѓа на захумско-херцеговачката епархија.