Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков сослужуваше со српскиот Патријарх г. Порфириј во црквата на Свети Симеон Мироточив во Белград

Неговата Светост Патријарх српски г. Порфириј служеше Света Архијерејска Литургија во црквата на Свети Симеон Мироточив во Белград, Р. Србија во сослужение со Преосвештените епископи, Марчански г. Сава, Топлички г. Петар и Стобиски г. Јаков од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и многубројно свештенство и ѓаконство во присуство на верниот народ.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. 

По Литургијата, српскиот Патријарх го прекрши славскиот колач и им се обрати на присутните со зборовите: „ Во љубовта Христова сите сме Негови, но од нашето спознание дека сме Негови и дека сме во Неговата прегратка зависи дали таа прегратка ќе биде наше спасение или таа прегратка ќе биде оков и мака“, пренесува ТВ Храм.